– Како што најавивме до вторник ќе се задржи постудено време, а во вторник ќе има и нешто повеќе облачност кога ќе има услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд и снег на планините. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени во најтоплите предели, додека наутро и тоа особено утре температурите понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски, од средината на неделата следува ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и вистинско пролетно време со многу сонце. Температурите тогаш понекаде ќе надминувцаат и 20 степени. Сево ова е најава дека пролетта полека но сигуно ќе започне да се буди, а инаку таа календарски пристигна попладнево во 16 часот и 33 минути. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде стабилно и суво. Нешто повеќе облачност ќе има само во вторник. Веќе од средината на неделата ќе има повторно многу повеќе сонце а температурите ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 и 17 степени.