СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Еве кога ќе се стоплиме!

ИЗВОРНов Лист
|

– Како што најавивме, и во првите денови од новата недела, односно утре и во вторник и понатаму ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег на планините, додека преодно стабилизирање на времето се очекува во среда. Нови врнежи од дожд, како и услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи се очекуваат во четврток.

Што се однесува до температурите, утре и во вторник ќе биде ПОСВЕЖО со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, додека во најтоплите југоисточни предели истите се очекува да се искачат и малку над 15 степени, а пораст на истите се очекува од среда па натаму.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со услови за повремен слаб дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 19 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.