Славчо Попоски најавува НЕВРЕМЕ со интензивен пороен дожд и силен ветер – Препорачува крајна претпазливост

ИЗВОРНов Лист
|

– Денес и утре, особено во попладневните и вечерните часови, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град.

Потоа, од четврток па натаму ќе има услови само за изолирана појава на попладневна нестабилност.

Температурите ќе бидат без поголеми промени и максималните дневни температури како денес, така и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.

Во случај на појава на НЕВРЕМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и тоа особено денес и утре, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.