Славчо Попоски најавува пад на температурите и силен ветер, еве кога

ИЗВОРНов Лист
|

Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка и во следните неколку денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер, силни и чести електични празнења, интензивен пороен дожд и со појава на град.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени а Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10. И во Скопје и околината ќе се задржи МНОГУ ТОПЛОТО ВРЕМЕ, сепак во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.

Освежување на времето и пад на температурите на воздухот ќе има од петок, односно од 8 јули и тоа проследено со засилен северен ветер – вели метео прогнозерот Попоски.