СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Рано ЛЕТНИ температури, еве од кога до кога ќе уживаме!

ИЗВОРНов Лист
|

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност, и тоа особено во западните предели. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе бидат РАНО ЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 25 степени- вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Потоа под влијание на влажен и ПОСТУДЕН воздушен бран од север, утре ќе има нови врнежи од дожд проследени со засилен ветер од северен и од северозападен правец. На планините и на некои повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на НОВА СНЕЖНА ПОКРИВКА. Локално ќе има услови и за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи а температурите позначително ќе опаднат, и тоа за 8 до 9 степени во споредба со денешните и максималните дневни утре ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

Според Попоски стабилизација на времето ќе има на самиот почеток од следната недела, кога ќе има и многу повеќе сонце. Наутро ќе биде ДОСТА СТУДЕНО со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека на повисоките планински места истите ќе се спуштат дури и под -5 степени, со што ќе има појава на МРАЗ. Токму поради ова ги советуваме земјоделците НАВРЕМЕНО да си гизаштитат своите земјоделски култури од појавата на мраз,, бидејќи постои опасност од премрзнување на истите.