СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Сончево со локални врнежи од дожд, проверете кога и каде

ИЗВОРНов Лист
|

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и натпросечно топло. Особено во западните предели ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец, додека кон крајот на денот и навечер и тоа особено во западните и во северните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

ВО СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА ВРЕМЕТО ЌЕ БИДЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО.

ЌЕ ДУВА СЛАБ ВЕТЕР ОД СЕВЕРЕН ПРАВЕЦ, ДОДЕКА МАКСИМАЛНАТА ТЕМПЕРАТУРА ЌЕ СЕ ИСКАЧИ ДО ОКОЛУ 17 СТЕПЕНИ.

Според Попоски утре времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд, а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните температури и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Заладување на времето како што најавивме ќе има во вторник, кога врнежи ќе има на повеќе места и локално истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.

– Сè ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец. Во вторник исто така услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО опаѓање и максималните дневни температури во вторник ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 12 степени во најтоплите предели од државава. Од среда па натаму времето ќе биде постабилно и релативно суво со сончеви периоди – додава Попоски.