Славчо Попоски најавува значителен пораст на температурите, „пекол“ жешко време

ИЗВОРНов Лист
|

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот 25 до 34 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени. Потоа и во следните денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Исклучок ќе биде недела кога во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса температурите и тоа особено за време на викендот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. Ув – индексот ќе има МНОГУ ВИСОКА, до ЕКСТРЕМНА вредонст и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 9 и 10, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.