Славчо Попоски: НЕСТАБИЛНИОТО ВРЕМЕ ПРОДОЛЖУВА И ПОНАТАМУ – проверете кога

ИЗВОРНов Лист
|

– Денес локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Температурите ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, што значи дека ќе бидеме под влијание на изразено јужно и југозападно струење.

Во Скоспкиот регион времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за нестабилност денес попладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурата ќе се искачи до околу 24 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.