Славчо Попоски предупредува: Невреме, не стојте на отворен простор и под осамени дрвја!

ИЗВОРНов Лист
|

– За време на овој викенд, односно денес попладне и навечер на повеќе места, а во текот на утрешниот ден особено во западните предели ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион овој викенд ќе растат условите за развој на нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е локална појава и на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурата овој викенд ќе се искачќува во интервалот помеѓу 27 и 30 степени.

Според Попоски, услови за локална попладневна нестабилност ќе има и во првите денови од следната недела.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и мкаксималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на НЕВРЕМЕ и електрични празнења, како и СИЛЕН ветер, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на силен ветер, избегнувајте своите автомобили да ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.