СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дожд и значителен пад на температурите, еве кога

ИЗВОРНов Лист
|

– Денес во текот на претпладнево времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, додека во текот на попладневните часови облачноста полека ќе се зголемува. Под влијание на нов влажен и студен воздушен бран доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта од запад и југозапад ќе започнуваат нови врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе продолжат и утре и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Поради заладувањето врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои пониски места. Ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од источен и од североисточен правец. До понеделник наутро се очекува на повеќе места да се формира снежна покривка, и тоа во западните и југозападните предели со висина локално и од над 20 сантиметри, додека на повисоките и планинските места локално и со висина од над 30 сантиметри. Локални врнежи претежно од снег ќе има и во првите денови од следната недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува на интензитет- вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ, особено од утре и истите ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 8 степени.

И во Скопскиот регион од вечерва се очекуваат нови врнежи претежно од дожд, иако на околните планини ќе има услови за врнежи од снег, а во следниот период ќе има помали услови и за врнежи од дожд и од снег и во делови од Скопската котлина. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, и истиот особено утре ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 1 степен, додека максималните ќе бележат тенденција на значителен пад и особено од утре ќе се искачуваат само до околу 5 до 6 степени.