СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Минус 10, многу студено време, еве кога!

ИЗВОРНов Лист
|

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Локално ќе има услови за сосема слабо провејување на снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално со брзина од над 60 км/час). Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

ВО СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА ВРЕМЕТО ЌЕ БИДЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ. ЌЕ ДУВА УМЕРЕН ДО ЗАСИЛЕН ВЕТЕР ОД СЕВЕРЕН ПРАВЕЦ, ДОДЕКА МАКСИМАЛНАТА ТЕМПЕРАТУРА ЌЕ СЕ ИСКАЧИ ДО ОКОЛУ 6 СТЕПЕНИ.

Според Попоски утре и во понеделник се очекува преодно стабилизирање на времето, додека нов влажен со врнежи од дожд и од снег нашата држава ќе ја зафати во вторник. Утре и во понелденик во утринските часови повторно ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.