– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност.
Попладне локално ќе има услови за краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени – вели Попоски.
Според метео прогнозерот Попоски во следните денови времето ќе биде сончево и СЕ ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи.
Понестабилно ќе биде за време на викендот, кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за локална појава на град. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат се повисоки и максималните дневни во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.