– За време на овој викенд ќе имаме повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Денес ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Сепак температурите и понатаму ќе бидат
натпросечно високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, додека мало опаѓање на температурите ќе има од утре кога температурите ќе се
искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.
Потоа во првите денови од следната недела и понатаму ќе имаме повеќе облачност, а ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, и тоа особено во западните предели. Повеќе сончеви периоди ќе имаме од средината на неделата. Температурите во првите денови од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, додека потоа ќе бележат тенденција на пораст и во најтоплите предели. Кон крајот на работната
недела не се исклучува можноста максималните температури да се искачат до околу 20 степени, што значи дека ќе бидеме под влијание на топол бран од југ.