СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Температурите ќе се движат од -2 до 20 степени, еве кога!

ИЗВОРНов Лист
|

– Како што најавивме, и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, и тоа особено во текот на утрешниот ден. Ќе дува и слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите од југоисточен правец, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени. Поголем пораст на температурите ќе имаме од четврток, кога во најтоплите предели тие ќе се искачат дури до околу 20 степени, со што се очекува топење на снежната покривка на планинските места

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -1 и 1, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 14 степени