Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ овој викенд ќе имаме стабилно, суво и сончево време со сосема мала и локална облачност додека температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалотод 30 до 38 степени, во понеделник пак ќе биде најтопло кога максималните температури ќе се искачат во интервалот од 32 до 40 степени.
Ова значи дека овој викенд слободно може да се искористи за прошетка во природа а најмногу за освежување низ туристичките места во државава.
Веќе од среда под влијание на значително посвежа воздушна маса од север температурите ќе бележат тенденција на пад за околу десет степени а сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од северозападен правец, исто така на повеќе места ќе има и нестабилна облачност проследена со врнежи и грмежи. Нова и обновена детална анализа околу ова следува понатаму.
Подготви: Славчо Попоси за 1тв.