Славчо Попоски: Следува серија на нови невремиња – можни се штети

ИЗВОРНов Лист
|

– Времето во Македонија продолжува да биде нестабилно и со услови за поројни дождови. Затоа – до четврток – очекувајте нови серии на изразени невремиња кои и понатаму можат да условуваат локални поплавувања и штети.

Препорачуваме крајна претпазливост.

Инаку од петок, па за време на викендот, атмосферата ќе биде постабилна, иако и тогаш ќе има услови за појава на изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе бидат без поголеми промени, а пораст на истите се очекува од петок и за време на викендот, кога истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.