Славчо Попоски со жешки вести: Ветер од Африка продира кон нашата држава

ИЗВОРНов Лист
|

– Во следните денови, како што најавивме во претпладневните часови ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време, додека во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и веќе од среда истите во најтоплите предели ќе надминуваат 35 степени. Сето ова е поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса, која од северните предели на Африка продира кон нашата држава.

И во Скопскиот регион во следните денови во попладневнитечасови има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 па дури до 35 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.