– Денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Услови за сосема ретка појава на попладневна нестабилност ќе има за време на викендот. Ќе продолжи да дува слаб до умерен, повремено и тоа особено Долж Повардарието и во источните предели засилен ветер од северен правец.
Температурите ќе ќе бележат тенденција на секојдневен пораст, а особено топло ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. Во Скопје и околината во следниот период времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 29 и 37 степени за време на викендот, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.