Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови во северните планински предели ќе има услови за ретка појава на краткотраен локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски, во следните денови, вклучувајќи го и продолжениот празничен викенд, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд.
Локлано ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на опаѓање и тоа особено за време на продолжениот празничен викенд, кога ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.