Славчо најавува нова нестабилност на времето со дождови во Скопје

|

До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Повремени локални врнежи од дожд ќе има утре и во сабота, кога локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите остануваат натпросечно високи и максималните дневни овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Повторно позначителен пад на темперратурите, како и засилен северен ветер се очекува на самиот почеток од следната недела, односно од понеделник.

И во Скопскиот регион и тоа особено утре и повторно во сабота ќе има услови за повремен локален дожд. Особено во сабота постои можност и за нестабилност во делови од котлината проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата овие денови во Скопје ќе се искачува во интервлот помеѓу 23 и 26 степени.