|
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ и понатаму ќе се задржат многу високите температури на воздухот кај нас и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Времето ќе биде сончево повремено со мала локална облачност а ќе биде и претежно тивко или само на не кои места ќе дува сосема слаб ветер од променлив правец.
Да напоменеме дека овие температури на воздухот се повисоки од нормалните дури за околу десет степени и секако топлото време лошо ќе се одрази врз граѓаните каде постои опасност од појава на вируси. Понатамошната суша пак и понатаму доста лошо ќе се одразува врз земјоделските култури и посеви.