Под влијание на многу топла воздушна маса која продира од југ се до крајот на неделава ќе имаме многу високи температури на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачат над 30 степени додека воцентралните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени, поради релативно високата влажност во воздухот времето ќе биде мачно и спарно а температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.
Времето пак ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
Исто така до крајот на оваа недела од Сахара кон нашата територија ќе се изврши транспорт на прашина и на песок а УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност па така и понатау ќе има коефициент од 10 до 11 па затоа доколку излегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО совас да понесете заштитнна опрема (капа и наочари за сонце).
Повозрасните лица без потреба да не излегуваат од своите домови во најтоплиот дел од денот односно од 10 до 17 часот, граѓаните во овот многу топол летен период да конзумираат повеќе течности и лесна храна (зеленчук и овошје).
Подготви: Славчо Попоски за 1ТВ