Како што најавивме, под влијание на влажен воздушен бран утре на повеќе места ќе има врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Повторна стабилизација на времето ќе има во петок и во сабота, кога ќе биде сончево и ТОПЛО и со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.
Нов влажен и постуден бран од северозапад се очекува во недела, кога ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од северозападен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион утре ќе има повремени врнежи од дожд, а можна е и локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Повторна стабилизација на времето ќе има во петок и во сабота, додека во недела се очекува продор на нов влажен и постуден воздушен бран од северозападен.
Температурите во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 23 степени.