Како што најавивме, во следните денови, вклучувајќи го и продолжениот празничен викенд времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и тоа особено долж Повардарието.
Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на опаѓање, и тоа особено за време на продолжениот празничен викенд кога ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион во следните денови ќе има нешто повеќе облачност, но ќе има и сончеви периоди а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Ќе има услови и за повремен локален дожд но со послаб интензитет, додека температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат до околу 22 степени.