Славчо Попоски: Летово очекуваме многу загреана атмосфера и афрички бранови – можност за СИЛНИ невремиња

ИЗВОРСкопје24
|

Многу позагреана атмосфера но и потопло за разлика од изминатата година како и можност за појава на силни невремиња проследени со интензивни поројни дождови, силни ветришта, локални поројни поплави и град. Таква е сликата за претстојното лето за Европа, регионот но и за Македонија, известува метеорологот Славчо Попоски за 1Тв.

Феноменот ЕЛ НИЊО како што и претходно најавивме значителн о ќе ја загрее Европа и Балканот оваа година и ќе услови почести продори на топли бранови од северните предели на Африка кој ќе условат температури кој повремено ќе се искачуваат и над 40 степени. Со ова и тоа поради атмосферата исполнета со многу енергија во фелови од Европа и Балканот има можност за појава дури и на суперќелии како и торнада.

Во Македонија пак ова лето почести ќе бидат дестабилизирањата на атмосферата и појавата на конвективна облачност проследена со поројни дождови, грмежи, силен ветер и град, но сепак и кај нас летото ќе биде натпросечно топло со почети продори на топли бранови од Африка.

Метеопатски кошмар: Што нè чека следните денови?

Следува период на променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд, а дневните температури ќе бидат во благо опаѓање. Кон крајот на оваа и почетокот на идната седмица локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

????????????????????????????????????

Посебно треба да внимаваат метеопатите, кои овие промени посебно ќе ги почувствуваат. На сите чувствителни или хронично болни лица им се препорачува да бидат внимателни.

Можни се главоболки, вртоглавици, нервоза и омалаксаност.