Во следните пет до десет дена нашата територија ќенавлезе во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза поради силниот Африкански бран кој ќе не зафати веќе од среда и ќе услови МНОГУ ВИСОКИ температури на воздухот и истите речиси насекаде ќе се искачуваат над 35 степени, во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени додека од викендот па во текот на следната недела особено истите во најтоплите региони се очекува да се искачат и над 42 степени.
Времето ќе биде стабилно, суво и сончево повремено со мала локална облачност, исклучок ќе биде петок кога ќе има краткотрајно зголемување на облачноста и ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Поради високиот УВ ИНДЕКС и МНОГУ ВИСОКИТЕ температури на граѓаните импрепорачуваме да се заштитуваат и да пијат што повеќе течности, исто така да се избегнува мрсната храна и да се конзумира што повеќе зеленчук и овошје, информира метеорологот Славчо Попоски.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ПОЖАРИ: На граѓаните ги советуваме во следниот период поради силниот Африкански бран да избегнуваат да палат скари и огнови на отворено односно во природа, значително ќе порасне опасноста за појава на пожари.
УХМР предупредува – од четврток не чекаат најтоплите денови
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има зголемена облачност.
Од утре ќе биде активирано жолто, а од четврток во некои реони и портокалово ниво за опасност од високи температури.