Невообичаената топлина која ја зафати и уште поинтензивно ќе ја зафаќа нашата територија во текот на следните денови ќе се задржи подолго време, односно се до крајот на оваа како и на почетокот од следната недела што значи максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, во централните и во југоисточните предели пак истите се очекува да се искачат дури до рано – летни 25 степени.
Времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево со умерена а повремено и значителна облачност, само оваа ноќ особено на север и запад ќе има услови за слаб локален дожд, повторно за повремен локален слаб дожд има и во сабота а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет.
НАПОМЕНА: Сето ова, односно натпросечното топло време лошо ќе влијае особено врз метеопатите каде е можна појава на нервоза, поспаност како и тежина на во главата и телото, исто така поради поголемата влажност во воздухот има услови на некои места и за појава на спарнина.
Подготви: Славчо Попоски за 1ТВ