Денешниот ден ќе помине во знакот на стабилно и суво време иако попладне само на планинските места има услови за сосема локалисиран и слаб дожд.
Почнувајќи од утре попладне и тоа од западните предели а веќе од понеделник и во најголем дел од државава и тоа поради интензивното влијание на моќниот циклон АНДРЕА кој го зафаќа регионот ќе има значително дестабилизирање на атмосферата односно облачноста ќе се зголеми и ќе има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни грмежи, силен ветер и појава на град, од утре попладне па во следниот период локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 л/м2) и токму ова може да услови и локални поплавувања или пак зголемување на нивоата на реките и на езерата низ државава. Исто така поради падот на температурите на воздухот на високите планини очекуваме и нови врнежи од снег.
Според најновите анализи во регионот и тоа особено во Босна и Херцеговина, Хрватска како и во делови од Србија локално, во следниот период се очекува да наврне од 50 до 100 л/м2 воден талог, локално и повеќе со што има секако услови да дојде до локални поплавувања.
Подготви: Славчо Попоски