СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: 16 степени и многу сонце, еве кога

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени. Потоа утре времето ќе се задржи претежно сончево, додека зголемување на облачноста ќе има за време на викендот кога ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, и тоа особено во текот на ноќта сабота кон недела.

Според Попоски, во сабота повторно ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, додека мало опаѓање на истите ќе има од недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.