|
Во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.
Повремено ќе има услови за попладневна изолирана нестабилност.
Што се однесува до температурите, тие особено високи ќе бидат од вторник па натаму кога ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени, додека во Скопје истите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 37 степени.
УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им препорачуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето (да носат капа и наочари за сонце), и да пијат што повеќе течности – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.