Како што најавивме, до самиот крај од оваа недела времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево, за време на викендот со појава на мала до умерена локална облачност.
До петок и тоа особено долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат се повисоки и во следните денови максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион до крајот на оваа недела времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево, за време на викендот со појава на мала до умерена облачност.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат се повисоки и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.