Славчо Попоски најавува град и пад на температурите

|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со малку пониски температури за разлика од вчера и со сончеви периоди. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Потоа за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност.

Утре повторно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Повремено ќе има услови за локална и попладневна нестабилност, а температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.

УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10 – вели метео прогнозерот Попоски.