Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината. Ќе дува и умерен, а dолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели од државава- вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.
Според Попоски и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Особено во текот на утрешниот ден ќе има и повремени локални врнежи од снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите понекаде ќе се спуштат дури и до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.