Денес времето во Македонија ќе биде сончево и СВЕЖО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните предели засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски и во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, минималните и тоа особено утре наутро на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека максималните во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пораст.