СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Паѓаат температурите, еве кога

|

Како што најавивме, утре времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

И во Скопје и околината утре времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски од четврток па натаму времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а особено во планинските предели ќе има појава на локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот особено долж Повардарието повремено ќе засилува на итнезнитет, додека температурите ќе бележат тенденција на пад за неколку степени.