СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: По дождови, пак топло, еве кога

|

За време на овој продолжен празничен викенд, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и истите локално и повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На некои места ќе има услови зас развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Температурите ќе се се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.

– И во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе има услови и за развој на локална нестабилност проследенена со ретки грмежи како и и со засилување на ветерот. Температурите овие денови во Скопје ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 20 степени.

Барем одсега гледано, во поголем дел од следната недела ќе продолжи променливото време со повремени локални врнежи од дожд, а температурите ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени – заклучува Попоски.