СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Пораст на температурите, сончево време, еве кога

|

Како што најавивме, од утре следува неколку дневен период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ветерот кој што го имавме денес од северен правец и тоа со засилен интензитет, од утре ќе ја намали својата брзина.

Наутро и тоа особено утре ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени – прогнозира нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски пораст на максималните температури ќе има за време на викендот, кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

И во Скопскиот регион во следните неколку денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро температурите ќе се спуштаат и под -5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 8 степени.