Славчо Попоски најавува сè повисоки температури, воздушна маса од Африка, многу топол бран

|

Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и понатаму во следниот период времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На некои места ќе има услови за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени, а Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10. И во Скоспкиот регион во следниот период ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево.

Сепак во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност. Температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени. Напомена: Поради релативно високата влажност во воздухот, во следниот период температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од релано измерените – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.