Како што најавивме, услови за слаби локални врнежи од дожд кај нас ќе има и утре, додека во среда времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево со умерена облачност. Нови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд се очекуваат од четврток па натаму кога ќе дува и засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 23 степени.
И во Скопскиот регион времето во следните два дена ќе биде претежно стабилно и суво, додека од четврток па натаму се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Ќе започне да дува и засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 21 степен.