Во раните утрински часови од утрешниот ден, врнежите ќе престануваат во најголем дел од државава. Мора да се напоменеме дека во текот на претстојната ноќ, како и утре ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец кој на некои места ќе достигнува брзина од над 80 км/час.
Токму поради ова ги предупредуваме граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ затоа што се работи за студен фронт кој ќе помине над нашата територија – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Инаку, како што најавивме, утре сеуште локално и тоа особено во планинските предели ќе има услови за провејување на снег. Температурите ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени. Потоа од среда па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво со повеќе сончеви периоди, додека максималните температури ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, додека наутро и тоа особено во среда ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени.
Според Попоски и во Скопскиот регион утре ќе дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец а времето ќе биде променливо облачно со услови за сосема слабо и локално проврнување на дожд и снег, потоа од среда па натаму времето ќе се стабилизира а температурите преку денот значително ќе се покачат и максималните дневни во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени. Наутро пак ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 0 степени.