Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ТОПЛО. Ќе започне да дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец, додека во вечерните часови и во текот на ноќта во западните предели ќе има врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено и засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 20 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски од утре, па до самиот крај од оваа недела, и тоа под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран времето ќе биде променливо облачно со засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец и со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На некои места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на град.
Исто така за време на викендот и тоа на планините во западните предели врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Што се однесува до температурите,тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искаччат и малку над 20 степени.