Славчо Попоски најавува: Сонце и дожд со град, еве кога и каде

|

Нашата територија се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и истата условува натпросечно високи температури.

Од утре, па во следните денови како што најавивме ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во претпладневните часови, додека во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град.

Температурите нема многу да се менуваат во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

Мал пад на истите ќе има во понеделник, но потоа истите ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоллите предели од државава во текот на следната недела температурите се очекува да надминат 35 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.