СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Сончево до 23 степени, проверете кога

|

Како што веќе најавивме во следните денови времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево. Ќе биде и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО, а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие и тоа поради продор на топла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и истите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО. Ќе дува северен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 18 степени.