Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Повеќе облачност ќе има во западните предели каде ќе има услови за слаб локален дожд и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните предели. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.
Според Попоски, утре ќе се задржи сончево време со умерена локална облачност, додека повеќе облачност ќе има во западните предели.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени. Од недела па натаму следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните предели а ќе дува и умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен правец.
ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ БЕЛЕЖАТ ТЕНДЕНЦИЈА НА ПОНАТАМОШЕН ПОРАСТ И НА ПОЧЕТОКОТ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ИСТИТЕ ЌЕ СЕ ИСКАЧУВААТ ВО ИНТЕРВАЛОТ ОД 6 ДО 13 СТЕПЕНИ.