СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Убава вест, многу повеќе сонце, проверете кога

|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Во источните предели ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.

Според Попоски утре ќе се задржи променливо облачно и СТУДЕНО време за овој период од годината со сончеви периоди, додека во првите денови од следната недела ќе има МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце.

Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата и овој викенд истите понекаде ќе се спуштаат дури до околу -15 степени, додека максималните особено од понеделник ќе бележат тенденција на постепен пораст, што значи ќе има постепено затоплување на времето.