СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Високи температури доаѓаат, еве кога!

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно ТОПЛО со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот особено долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Според Попоски за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе се задржи сончево и ТОПЛО со умерена локална, повремено и позначителна облачност. Особено во планинските региони ќе има услови за локален краткотераен дожд и ретки грмежи.

Што се однесува до температури, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, додека уште малку потопло ќе биде на самиот почеток од следната недела кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.