СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Жештините почнуваат, еве од кога

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена локална облачност и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови и тоа во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 23 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, во следните денови времето ќе се задржи сончево и СЕ ПОТОПЛО со мала до умерена, а утре повремено и локално и позначителна облачност. Локално, и тоа особено во вторник попладне ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат се повисоки и максималните дневни особено во почетокот од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, додека од средината на следната седмица во најтолите предели истите ќе се искачуваат и над 30 степени.