Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи, силен ветер локално со брзина од над 80 км/час и услови за ретка појава на град. Локално овие процеси ќе бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, додека попладне ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени.
Спорд Попоски, за време на викендот, како и во првите денови од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека за време на викендот на планините врнежите ќе бидат од снег, а ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува и засилен ветер од југозападен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен, додека пад на истите и посвежо време се очекува од недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.