Славчо Попоски: Освен големо затоплување следува мачнина и спарина – детална анализа

ИЗВОРСкопје24
|

Значително потоплата воздушна маса која веќе започна да продира од јужните географски широчини кон нашата територија освен што ќе донесе големо затоплување и голем пораст на температурите на воздухот сепак ќе донесе и мачнина како и спарина и тоа поради релативно високата влажност која ќе ја имаме во воздухот во текот на следниот период. Исто така ќе започне да се врши транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата територија со што и атмосферата ќе биде позаматена.

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност а утре ќе биде и постабилно па така услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи ќе има само во планинските предели додека од недела попладне повторно растат условите за локален развој на нестабилна обланост проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер како и со услови за локална појава на град. Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој особено во недела повремено ќе биде засилен по интензитет.

Нестабилност имаше и во изминатите 24 часа па така најмногу дожд наврна во Прилеп и тоа 11 л/м2.

Максималните дневни температури на воздухот највисоки ќе бидат во недела и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Подготви: Славчо Попоски