|
До крајот на оваа недела времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.
Услови за слаб локален дожд ќе има денес, а дестабилизација на времето и повеќе врнежи се очекуваат од вторник кога ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст и тоа особено за време на викендот како и во почетокот од следната недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.
И во Скопскиот регион времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.